Skip to content
Sky Rising News
Partnerships & Media
Document details

European Regulation on Unmanned Aircraft Systems (EU 2019/945 and EU 2019/947) - CAA North Macedonia Presentation

North MacedoniaCivil Aviation Agency of North Macedonia (CAA)

Original text · Macedonian

Европска регулатива за воздухоплови без екипаж (ЕУ 2019/945 и ЕУ 2019/947)

Европска регулатива за воздухоплови без екипаж (ЕУ 2019/945 и ЕУ 2019/947) Презентација на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Агенда • Дефиниции и вовед • Отворена категорија • Посебна категорија • Сертифицирана категорија

Дефиниции и вовед - Кратенки • UAS – Unmanned Aircraft System (Воздухоплов без екипаж) • UA - Unmanned aircraft (Беспилотен воздухоплов) • EASA - European Union Aviation Safety Agency (Агенција на Европската Унија за безбедност во воздухопловството) • VLOS - Visual line of sight (Oперација при која се одржува визуелен контакт со воздухопловот) • EVLOS - Extended visual line of sight (Продолжена операција при која се одржува визуелен контакт со воздухопловот) • BVLOS - Beyond visual line of sight (Операција во која не се одржува визуелен контакт со воздухопловот) • RP - Remote pilot (Далечински пилот) • VO - Visual observer (Визуелен набљудувач) • MTОM - Maximum take-off mass ( Максимална маса на полетување) • AMC - Acceptable means of compliance (Прифатливи средства за усогласеност) • GM - Guidance material (Материјал за насоки) • DG – Dangerous goods (Опасни материи) • AGL - Above ground level (Над нивото за земјата)

Дефиниции и вовед • Регулативата е развиена од EASA и одобрена од Европскиот Парламент и Советот на Е.У. • EASA подготвува воздухопловни прописи кои ја штитат животната средина • Регулативи што влијаат на UAS (Воздухоплови без екипаж) : - Регулатива Е.У. 2019/945 (технички барања и операции од трети земји) - Регулатива Е.У. 2019/947 (оперативни барања и прописи) • Материјали: - EASA – EAR Easy Access Rules for Unmanned Aircraft Systems (EASA e-rules web page) - ANNEX За правила за спроведување или анекс за делегирани правила (Регулатива на Комисијата) - AMC Прифатливи средства за усогласеност (Одлуки на Извршниот директор на EASA) • GM Материјал за насоки (Одлуки на Извршниот директор на EASA) • Е.У. Регулативите НЕ вклучуваат операции во затворени простории

Одговорности • Оператор на UAS: - Лице ( или правен субјект) што управува со операциите и дава инструкции. Ова лице ја носи севкупната одговорност за нивните операции со воздухоплови без екипаж • Далечински пилот на UAS: Лицето кое управува со контролите на летот на воздухопловот без екипаж. Клучно безбедносно лице за време на операциите со воздухоплов без екипаж и треба да управува со воздухоплов без екипаж само кога ке добие согласност од Операторот на воздухопловот без екипаж. Операторот на UAS и далечинскиот пилот на UAS често во Отворена категорија се исто лице Заштита на податоците и приватноста: • Ако луѓето на фотографијата НЕ дале своја согласност за фотографијата нивната приватност е нарушена. Доколку е направена слика од дрон на лице под 18 години дозвола од родител мора да биде добиена, за лице од 13 до 18 години дозволамора да биде добиена и од лицето и од родителот

Регистрирање на Оператор на воздухоплови без екипаж Операторите на воздухоплови без екипаж се регистрираат: (се регистрира операторот, а не дронот) Во Отворена категорија: i UAS сo MTOM повеке од 250 грама или во случај при удар да може да се пренесе кинетичка енергија над 80 џули. ii. UAS кој е опремен со сензор (камера, микрофон) кој може да сними лични податоци. Во Посебна категорија: Сите Оператори UAS (Дронови) кои се играчки не подлежат на регистрација UAS е играчка кога произведителот ја наменил за деца до 14 години или е во согласност со Директива 2009/48/ЕЗ/ Физичко лице – Се регистрира во земјата каде што е жител Правно лице - Се регистрира во земјата во која е регистрирано деловното работење на компанијата

Регистрација / Безбедност • Регистрацијата на операторот е еден од начините за ублажување на безбедносниот ризик: • Пример за целосна регистрациска низа, како што е дефинирано во точка (e) од член 14(6) на AMC1, што треба да го обезбеди земја-членка, е FIN87astrdge12k8-xyz“, каде што: — „FIN87astrdge12k8“ е регистарскиот број на оператор на UAS ; и — „xyz“ е пример за трите (3) случајно генерирани „тајни цифри“. Операторот на UAS мора да го постави регистарскиот број на UAS и трите (3) „тајни цифри“ во далечинскиот систем за идентификација на UAS, доколку е достапен, или во системот за електронска идентификација, доколку тоа го бара географската зона. Операторот на UAS не треба да ги споделува со никого трите (3) „тајни цифри“ кои се користат за подобрување на заштитата на регистарскиот број на операторот UAS од незаконскo поставување во UA. • Општи безбедносни совети: • Чувајте го вашиот регистарски број Приватен што е можно повеќе. • Останете подалеку од комерцијална авијација и аеродроми. • Ако видите сомнително однесување на Дрон (UAS) пријавете го во полиција. • Невнимателно или непромислено однесување е забрането. • Безбедноста е одговорност на сите. • Транспортот на опасни материи (DG) е строго забранет во Отворена категорија

Категории на Воздухоплови без екипаж • Три (3) категории на UAS> Отворена / Посебна / Сертифицирана • Категориите се формирани врз основа на: НИВОТО НА РИЗИК КОЈ ГО ПРЕТСТАВУВА ДРОНОТ, а не од комерцијални или приватни операции или големината на воздухопловот без екипаж • ОТВОРЕНА категорија (Операции со низок ризик) - Не ви треба овластување, надзорот го обезбедува полицијата. • ПОСЕБНА категорија (Операции со висок ризик) - Ви треба овластување од надлежен орган пред да летате. Надзорот го обезбедува АЦВ - СЕРТИФИЦИРАНА категорија (Операции со највисок ризик) - Потребни ви се сертифицирани UASи, сертификат за пловидбеност, лиценцирани далечински пилоти, SMS, AOC

Отворена категорија Три (3) подкатегории во ОТВОРЕНА категорија: А1 / А2 / А3 Принцип на подкатегориите: ПОТЕШКИ ПОДАЛЕЧНИ ПОБЕЗБЕДНИ Најважни правила во Отворена категорија: - МТОМ помалку од 25 кгр. - Се лета само во VLOS - Максимална висина на летот над тло е 120 м. - Без превоз на опасни материи (DG) - Без испуштање материјали и течности. - Без автономни операции. - Далечински пилот со минимум 16 год. освен ако не е надгледуван. VLOS 120 m

Отворена категорија (подкатегории) A1 летање над луѓе <900 гр. A2 летање во близина на луѓе < 4 кг. A3 летање далеку од луѓе < 25 кг. Самоизградени со MTOM <250 гр. Самоизградени со МТОМ <25 кг.

Отворена категорија - Подкатегорија А1 Самоизградени со МТОМ А2 < Одговорности на далечинскиот пилот Одговорности на далечинскиот пилот имаат соодветна компетентност и доказ за компетентноста ажурираат информации за потребни географски зони и се усогласуваат со нив осигурете се дека воздухопловот без екипаж е во состојба безбедно да го заврши планираниот лет и да управува со воздухопловот без екипаж во согласност со корисничкиот прирачник и процедурите од производителот не врши должности под дејство на психоактивни супстанци или алкохол Одговорности на далечинскиот пилот Одговорности на далечинскиот пилот Чувајте го воздухопловот без екипаж во VLOS и одржувајте темелно визуелно скенирање на воздушниот простор што го опкружува беспилотниот воздухоплов за да избегнете било каков ризик од судир со воздухоплов со екипаж. Прекинете го летот доколку операцијата представува ризик за други воздухоплови, луѓе, животни, околина или имот На далечинските пилоти може да им помага набљудувач на беспилотен воздухоплов, сместен покрај нив, кој со визуелно набљудување помага во безбедноста на летот Не летајте блиску или внатре во областите каде што во тек се напори за одговор при итни случаи, освен со дозвола Не управува со беспилотен воздухоплов од возило во движење Одговорност на операторот на Воздухоплов без екипаж Одговорност на операторот на Воздухоплов без екипаж Да развијат оперативни процедури приспособени на видот на операцијата и ризикот кој таа го носи Да обезбеди ефикасно користење на радио спектарот Да назначи далечински пилот за секоја операција Осигурете се дека далечинскиот пилот и останатиот персонал кој извршува задача за подршка на операцијата ги имаат бараните компетенции и информации Одговорност на операторот на Воздухоплов без екипаж Одговорност на операторот на Воздухоплов без екипаж Ажурирајте ги информациите во системот за гео-свест Кога се оперира со Воздухоплов без екипаж со ознака од C E класа осигурајте се дека Воздухопловот без екипаж е придружен со соодветна декларација Осигурајте се дека сите инволвирани лица во областа на операциите се информирани за ризикот и се имаат експлицитно сложено да учествуваат Животна средина • Географските зони за Воздухоплови без екипаж ги поставува државата поради безбедност, приватност или еколошки причини. • Географските зони за Воздухоплови без екипаж се објавени од Агенцијата за цивилно воздухопловство • Физичка средина: • - Висина • - Пречки (можат да создадат области на турбуленции) • - Феномени на ...

Посебна категорија Посебна категорија Дефиниција - Тоа се операции на Воздухоплови без екипаж што ги надминуваат ограничувањата дефинирани во “Отворена” категорија. - Примери на операции на Воздухоплови без екипаж во Посебна категорија: - BVLOS - повисоко од 120 метри - Со UAS со МТОМ > 25 кгр. - со цел испуштање на материјал - Во урбана околина со UAS со МТОМ > 4 кг или без правилна C E класа - Далечински пилот минимум 16 години, освен ако е надгледуван (може да биде намалено до 14 години) Посебна категорија – Проценка на ризик Посебна категорија – Проценка на ризик SORA Проценка на ризикот од специфични операции - Опис на ConOps - Прелетна област - Воздушен простор - Оперативни услови - Карактеристични димензии на беспилотниот воздухоплов SAIL – Специфично ниво на сигурност и интегритет SAIL I & II: низок ризик SAIL III & IV: среден ризик SAIL V & VI: висок ризик Оперативни безбедносни цели и ублажување за безбедни летови - Услови на летот - Оперативни ограничувања - Компетенции на далечинскиот пилот и останатион персонал - Технички барања зна UAS - Безбедност и приватност OSO Вклучено во AMC од Регулатива EU 2019/945 na EASA web page

Посебна категорија – SORA Specific Operations Risk Assessment (SORA) Проценка на специфични операции на ризик Проценка на ризикот на планираното работење - SORA • При спроведување на операција која не е опфатена со STS или PDRA, од апликантите се бара да спроведат проценка на ризик, да ги идентификуваат ублажувањата и да се усогласат со безбедносните цели. • За таа цел е развиена методологијата за проценка на ризикот, позната како SORA (Specific Operations Risk Assessment). EASA го објави SORA како прифатливо средство за усогласување со член 11 од Регулативата (ЕУ) 2019/947. Безбедност, пристап заснован на ризик. Што е SORA? • SORA е методологија за класификација на ризикот од лет со дрон во посебна категорија на операции и за идентификација на ублажувањето и безбедносните цели.Тоа му помага на операторот да ги идентификува оперативните ограничувања, целите за суштинска обука на персоналот за операцијата (на пр. далечински пилоти, набљудувачи, одржувачи итн.), техничките барања за дронот и да развие соодветни оперативни процедури кои ќе бидат дел од оперативниот прирачник.

Посебна категорија – SORA • Евалуација на ризикот SORA • Тоа е процес од 10 чекори кој започнува со опис на операцијата и евалуација на ризикот од земја и воздух: • Со комбинирање на резидуалната вредност на ризикот од воздух и земја, се дефинираат внатрешните вредности на ризик за целосната работа, наречени SAIL (Specific assurance integrity level) – Специфично ниво на сигурност и интргритет

Посебна категорија - PDRA PDRA Pre-defined risk assessment Однапред дефинирана проценка на ризик Развиен од EASA како поедноставување за UAS операторите Оперативно сценарио Пакет за поднесување апликација (АМС на регулативата) АЦВ Барање за овластување Оперативно овластување Посебна категорија - PDRA • Што е PDRA • Предефинираната проценка на ризик (ПДРА) е оперативно сценарио за кое EASA веќе ја спроведе проценката на ризикот и е објавена како прифатливо средство за усогласеност (AMC) со член 11 (проценка на ризик) од Регулативата (ЕУ) 2019/947 . • PDRA сè уште бара оперативно овластување од АЦВ. Сепак, процесот ќе биде многу поедноставен. Доколку планираната операција е опфатена со една од објавените PDRA, наместо да врши проценка на ризик, операторот на UAS може само да ја пополни табелата на PDRA, да го подготви прирачникот за оператор и да ја поднесе апликацијата до АЦВ за регистрација. Табелата PDRA во реалноста е еден вид листа за проверка за тоа како да се развијат процедурите што треба да бидат содржани во прирачникот за оператор. • Зошто PDRA помага • Ако операцијата спаѓа во опсегот на еден од објавените PDRA, тоа му овозможува на апликантот брзо да го развие прирачникот за ракување и доказите за усогласеност користејќи ја табелата PDRA за да покаже дека операцијата е безбедна. Исто така, за АЦВ ќе се поедностави прегледот на документацијата • Список на објавени PDRA • PDRA S-01 – Земјоделски работи, товарни операции со краток дострел • PDRA S-02 - Надзор, земјоделски работи, товарни операции со краток дострел • PDRA G-01 - Надзор, товарни операции со долг дострел • PDRA G-02 - Целиот опсег на ops • PDRA G-03 - Линеарни инспекции, земјоделски работи

Посебна категорија – PDRA S 01 PDRA Ref. Карактеристики на UAS Главни карактеристики на операционите работи Типични операции PDRA-S01 AMC 4 Chapter 11 Максимална димензија 3м • VLOS; • Контролирана површина исто така и над населено место; • Контролиран или неконтролиран воздушен простор помал од 150 m AGL; Земјоделски работи, товарни операции со краток дострел Посебна категорија – PDRA S 02 PDRA Ref. Карактеристики на UAS Главни карактеристики на операционите работи Типични операции PDRA-S02 AMC 5 Chapter 11 MTOM=25 kg Максимална Димензија 3 m BVLOS до 1 км или 2 км со набљудувачи на воздушниот простор; • Контролирана површина над ретко населена област; • Контролиран или неконтролиран воздушен простор помал од 150 m AGL; Надзор, земјоделски работи, товарни операции со краток дострел Посебна категорија – PDRA G 01 PDRA Ref. Карактеристики на UAS Главни карактеристики на операционите работи Типични операции PDRA-G01 АМС2 Chapter 11 Максимална димензија 3 m BVLOS со набљудувачи на воздушниот простор; • над ретко населена област; • Неконтролиран воздушен простор помал од 150 m AGL;. Надзор, операции за товар со долг дострел Посебна категорија – PDRA G 02 PDRA Ref. Карактеристики на UAS Главни карактеристики на операционите работи Типични операции PDRA-G02 AMC 3

Chapter 11 Максимална димензија 3 m BVLOS • над ретко населена област; • Сегрегиран воздушен простор (Висина на сегрегираниот воздушен простор). Целиот опсег на операции Посебна категорија – PDRA G 03 PDRA Ref. Карактеристики на UAS Главни карактеристики на операционите работи Типични операции PDRA-G03 AMC 6 Chapter 11 Максимална димензија 3 m BVLOS; • над ретко населена област; • Контролиран или неконтролиран воздушен простор блиску до пречки како што е дефинирано во PDRA Линеарни инспекции, земјоделски работи Посебна категорија – Стандардно сценарио Посебна категорија – Стандардно сценарио Развиен од EASA како поедноставување за UAS операторите Оперативно сценарио со низок ризик Да се спроведат детални мерки за ублажување Додаток на Регулатива EU 2019/947 АЦВ декларација Потврда за прием и комплетност Посебна категорија – Стандардно сценарио • Што е STS ? • Европското стандардно сценарио (STS) е однапред дефинирана операција, опишана во Додаток 1 на Регулативата (ЕУ) 2019/947. Тоа е една од различните можности за операторите да започнат со своите операции. • Од операторот не се бара да добие оперативно овластување за да спроведе операција покриена со STS. Значи, прво треба да се провери дали операцијата може да се смести под STS.Ако е така, тогаш е доволно поднесување декларација до Агенција за цивилно воздухопловство каде што операторот е регистриран. • Досега се објавени две EU STS; • STS 01 – VLOS на контролирана површина во населена средина, со UAS C5 класа • STS 02 – BVLOS со набљудувачи на воздушен простор над контролиран простор, со UAS C6 класа • Како да се работи во STS • Пред да започне операцијата, од операторот се бара да доставидекларација (во која ќе наведе дали имаат намера да спроведуваат STS 01 или 02) до Агенцијата за цивилно воздухопловство во државата каде што е регистриран како оператор; • Штом Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе обезбеди потврда за прием и комплетност, операторот може да ја започне операцијата, во границите на стандардното сценарио.

Стандардно сценарио 01 - STS 01 Стандардно сценарио 01 - STS 01 Регулатива 2019/947 – Додаток 1 – Поглавје 1 - VLOS - Под 120 м (исто така и во урбана средина) - Со UAS што носи ознака С5 идентификациска класа - Осигурајте се дека ниедно инволвирано лице не е присутно во контролираната област на земја Стандардно сценарио 02 - STS 02 Стандардно сценарио 02 - STS 02 - BVLOS (до 1 км далечина или 2 км доколку се користи визуелен набљудувач) - Под 120 м (не во урбана средина) - Со UAS што носи ознака С6 идентификациска класа - Осигурајте се дека ниедно инволвирано лице не е присутно во контролираната област на земја Регулатива 2019/947 – Додаток 1 – Поглавје 2 Компетенции на далечински пилот во Стандардно сценарио Сертификат за теоретско знаење за далечински пилот за операции во STS (Стандардно сценарио) издаден од АЦВ или ентитет признат од АЦВ по: - Онлајн курс за обука и испит како во Отворена категорија - Дополнително испитување на теоретско знаење обезбедено од АЦВ или ентитет признат од АЦВ - Важност 5 години, обновување под услов да се покажат горенаведените компетенции Акредитација за завршување на обука за практични вештини за STS-01 и STS-02 издадена од субјект признат од АЦВ или од Оператор на UAS кој изјавил усогласеност со: STS-01 или STS-02 и, Барањата наведени во Додаток 3 (Appendix 3)

Посебна категорија – Сертифицирање на Воздухоплов без екипаж Посебна категорија – Сертифицирање на Воздухоплов без екипаж Проценка на ризик (SORA) Низок ризик (Sail I и II) Среден ризик (Sail III и IV) Висок ризик (Sail V и VI) Не се можни ублажувања во посебна категорија Сертифицирана категорија *(R)TC = ограничен сертификат на тип според Дел 21 - CE класа во случај на STS - Дизајнот на UAS може да биде покриен со оперативно овластување доставено до операторот на UAS - Производителот може да аплицира во EASA за (R)TC* - Дизајнот на UAS може да биде покриен со оперативно овластување доставено до операторот на UAS - Производителот може да аплицира во EASA за (R)TC *(R)TC се издава од EASA задолжително *(R)TC се издава од EASA задолжително LUC - Сертификат за оператор на дрон Light UAS operator Certificate (LUC) - Сертификат за оператор на дрон • Што е LUC • LUC е опционален оперативен сертификат кој, доколку се добие, гарантира некои привилегии на неговиот носител. Највисока привилегија може да биде можноста да се започне со работа во посебна категорија без потреба од оперативно овластување од Агенција за воздушна пловидба. Достапноста на LUC сертификатот претставува квантна промена во ефикасноста на воздушните услуги со беспилотни летала, истовремено обезбедувајќи безбедни услови. Многу работни часови би можеле да се зачуваат со забрзување на процесот кој што инаку би ја запрел секоја работа што чека да се формализира и да се одобри овластувањето. • Aгенција за цивилно воздухопловство - Евалуација на LUC • Апликација за LUC може да се испрати само до Агенција за цивилно воздухопловство за регистрација. Оператор на UAS може да одлучи доброволно да побара од Агенција за цивилно воздухопловство да ја процени неговата организација. Ова е за да се утврди дали тие се способни сами да го проценат ризикот од нивното работење. Барањата што треба да ги покажат овие оператори се дефинирани во Дел C (Ц) од Регулативата (ЕУ) 2019/947. Кога Агенција за цивилно воздухопловство ќе биде задоволна, тие ке доделат, доколку е потребно, врз основа на зрелоста на организацијата, привилегија на операторот на UAS да го процени ризикот од неговото работење и на крајот самостојно да се самооцени и овласти, без потреба од Агенција за цивилно воздухопловство да го стори тоа ( во зависност од различните степени на привилегии доделени на таа организација според LUC). • Кои се привилегиите на LUC? • Да се ​​спроведуваат операции опфатени со стандардни сценарија STS без поднесување ...

Official regulatory presentation published by the Civil Aviation Agency of North Macedonia (CAA / ACV) explaining alignment with EASA technical and operational frameworks under EU Regulations 2019/945 and 2019/947, excluding indoor flight operations.

UAS operators (rather than individual aircraft) must register if operating in the Open category with MTOM above 250 g, kinetic impact energy exceeding 80 Joules, or any sensor (camera or microphone) capable of capturing personal data, and for all Specific category operations; toys under Directive 2009/48/EC are exempt.

Operations are classified strictly by risk across three categories: Open (low risk under A1 <900 g, A2 <4 kg, A3 <25 kg), Specific (MTOM >25 kg, >120 m, or BVLOS requiring CAA authorization via SORA 10-step risk assessment, EASA PDRA S-01/S-02/G-01/G-02/G-03, EU Standard Scenarios STS-01/STS-02, or Light UAS Operator Certificate LUC), and Certified (highest risk requiring certified aircraft and licensed pilots).